Нухиу: Не разрешив раководители, туку истекоа нивните решенија

by Фокус

Во врска со вчерашните коментари за кадровските измени во Министерството за внатрешни работи, министерот Агиум Нухиу појаснува дека не станува збор за негови одлуки за разрешувања на раководители и именување на другу лица на нивно место, туку дека истекол преодниот период за кој биле именувани раководителите согласно Договорот од Пржино, па автоматски се вратила кадровската состојба пред Пржино.

„Сакаме да прецизираме дека доаѓањето на заменик министерот Албанец Агим Нухиу на чело на МВР и заминувањето на Оливер Спасовски од СДСМ и Оливер Андонов од ВМРО беше резултат на Договорот од Пржино. Останатите раководители именувани, според Договорот во Пржино, имаа решенија за преоден период. Restitutio in integrum е направено ex lege. Да не беше вака, сигурно би имало и други кадровски измени“, објави Нухиу на фејсбук.

Поврзани новости