Опозициската Алтернатива на Африм Гаши, која на последните парламентарни избори во заеднички настап со Алијансата за Албанците на Зијадин Села освои 4 пратеници, ја отфрла можноста да се приклучи кон парламентарното мнозинство.
Од Алтернатива за Фокус велат дека нема никаква вистина во најавите дека партијата би можела да влезе во власта и да го зајакне парламентарното мнозинство.
-Се работи за манипулација за свои интереси, нема никаква вистина во тоа – вели висок партиски функционер.
Реагирајќи кон тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека преговараат со неколку пратеници од мнозинството за уривање на владата, премиерот Зоран Заев истакна дека тоа не е вистина, туку, како што рече тој, се преговора за окрупнување на мнозинството за 3 до 6 пратеници.
Во тој контекст, генералниот секретар на владејачката БЕСА и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа, синоќа порача дека не би имале ништо против доколку Алтернатива се приклучи кон мнозинството, иако оваа партија се формираше отцепувајќи се од БЕСА.
В.С.