Еден починат и еден тешко повреден во масовна тепачка во прилепската населба Тризла

by fokus

Четириесет и двегодишник почина, а триесет и едногодишен маж е тешко повреден со остар предмет во масовна тепачка што се случила вчера во прилепската населба Тризла.

Полицајци излегле на местото на настанот, а еден од нив пукал два пати во воздух за да ја спречи физичката пресметка меѓу две групи. Едно од лицата било повредено со остар предмет и му биле констатирани тешки повреди во прилепската болница, додека другото лице не давало знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42), а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Приведени се шест лица на возраст од 20 до 54 години.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости