668
Возачот на комбето од Италија во кое се возела првата заразена личност во земјава од коронавирусот се пожалил на кашлица и болки во градите, по што е изолиран во струмичката болница, информираше предмалку министерот за здравство Венко Филипче.
-Тој беше во домашна изолација и не контактирал со никој, дури ни со своето семејство – рече Филипче, посочувајќи дека во следните часови ќе бидат готови резултатите и ќе се знае дали и тој е заразен од вирусот.