1.7K
Новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, го освои третото место на конкурсот за истражувачки стории „Никола Младенов“ во организација на Македонскиот институт за медиуми.
Наградата е за сторијата со скандалот на скопска гинекологија откако лекари вработени на Клиниката споделија со јавноста дека 80-тина новороденчиња починале за шест месеци во болницата.
Првото место го освои „Код“ за сторијата за смртта на Коста Крпач, а второ место новинарот Зоран Јовановски од емисијата „360“.
Новинарката на Фокус Стојанка Митреска, доби пофалница за истакнат новинарски ангажман во истражувачка приказна за промашена инвестиција во Светиниколско. Пофалница доби и Владо Апостолов од БИРН.