Целосна еднаквост согласно Уставот и Рамковниот договор, социјална и економска рамноправност преку рамномерен регионален развој, брза евроатланската интеграција преку решавање на спорот за името врз основа на вредностите и принципите на меѓународното право, предвидува декларацијата што ја усогласиле албанските лидери во земјава под покровителство на Тирана и Приштина, објави весникот Коха.
Конкретно, овој документ ги обврзува албанските лидери во преговорите за формирање на нова влада да се залагаат за доследно спроведување на принципот на мултиетничност, што треба да се рефлекира и преку државниот грб и химната, како и унапредување на албанскиот јазик на сите нивоа на употреба.
Понатаму, се предвидува формирање на нов механизам во форма на Државна комисија за финансирање на општините, чија цел треба да биде дел од синџирот на одлучување при финансирање на општините, како и на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците.
Исто така, се реафирмира правичната застапеност во државната и јавната администрација, така што акцент се става на правичната застапеност во органите на безбедност, војската, разузнавањето и на правдата, и по хоринзотала и по вертикала.
Притоа, исполнувањето на овие услови, заедно со европските препораки и реформски приоритети, треба да се набљудува од страна на меѓупартиски совет.