507
Од следната недела не очекуваат убави работи, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со мандатарот Зоран Заев.
-Сите страни се заинтересирани ова поглавје да се затвори. Верувам дека почетокот на следната недела ке биде добар почеток – рече Ахмети по средбата со Заев во седиштето на СДСМ, на која присуствуваше и и фронтменот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
Овие три партии треба да ја формираат новата влада, во која се уште неизвесно е дали ќе учествува БЕСА на Биљал Касами, кој води одделни преговори со лидерот на СДСМ.