479
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со холандскиот амбсадор Воутер Пломп повторил одлуката на Ѓорге Иванов за помилување е неприфатлива и треба веднаш да се повлече, соопштија од ДУИ.
Освен тоа, Ахмети истакнал дека неговата партија останува посветена на спроведувањето на Договорот од Пржино.
“Оваа ситуација може да се реши само преку волјата на граѓаните изразена на слободни, демократски и веродостојни избори“, рекол лидерот на ДУИ.