461
Бекир Асани, претседател на огранокот на ДУИ во Чаир по вчерашните протести на новинарите пред владата, во изјава за телевизија 21 истакна дека тој не му се заканувал на Селмани, туку само дека го навредил.
„Јас му реков дека е копиле и пак повторувам дека е копиле, ништо повеќе. А што се однесува до тоа дали добил некаква закана од мојот брат, јас немам такво сознание. Тука не станува збор за ДУИ, ниту пак за Владата, чиј дел е ДУИ. Јас не можам да говорам во име на овие два органи, но уште еднаш ќе повторам дека јас зборувам исклучиво во мое име – вели Асани.