Димитров: Македонија и Грција треба да се натпреваруваат кој ќе покаже поевропски приод

by fokus

На инсистирањето од грчка страна за промена на Уставот, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вели дека е покорисно да се зборува за цели, наместо за исклучиви позиции. Во спротивно, додаде тој, се намалуваат шансите наскоро да се дојде до взаемно прифатливо решение.

– Сметам оти на тој начин ќе имаме поголеми шанси за вистински да се надмине разликата и да дојдеме до компромис кој ќе биде прифатен од граѓаните на двете страни, рече Димитров на заедничката прес-конференција со неговата хрватска колешка Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Тој додаде дека во целиот процес е пожелно доколку Македонија и Грција меѓусебно се натпреваруваат кој ќе покаже поевропски приод во овој билатерален спор во смисла на разбирање на другиот и вградување на европските вредности и принципи во процес.

Поврзани новости