485
Пратеникот Артан Груби, министерот за образование Абдулаким Адеми и пратеникот Талат Џафери во моментов на просторот каде што треба да се гради крстот во Бутел, заедно со демонстрантите, на разглас пуштаат народна албанска музика, јавува репортерката на НОВА ТВ, Славица Филиповска.
Претходно, демонстрантите предводени од раководството на ДУИ и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, ја урнаа оградата околу камен-темелникот на крстот и ги затрупаа темелите. Поставија и шатори на местото.
ФОТО: ПлусИнфо