605
Атила Реџепи е новиот генерален секретар на ДУИ одлучија вечерва на седница највисоките партиски тела Централното собрание и Советот на ДУИ.
На седница на централното раководство Артан Груби беше поставен за нов организационен секретар, со што го зазеде местото на Хазби Лика.
Хазби Лика како член на партиското раководство денеска не дојде на состанокот на претседателството на ДУИ, со што ги подгреа уште повеќе гласините дека министерот за спроведување на Рамковниот договор не е во добри односи со партискиот врв.