Вработени во Министерството за внатрешни работи и бивши осуденици основале Агенција за обезбедување во Струмица, која треба да делува во подземјето и да врши политички притисоци во корист на СДСМ, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Името на фирмата е „Коце кјурити груп“, а зад неа, рече тој, стои братот на премиерот, Вице Заев.
-Фирмата е незаконски основана затоа што Агенција за обезбедување не може да биде формирана од лица вработени во МВР. Од тука, дали и како Оливер Спасовски потпишал дозвола за работа на Агенцијата. Спорен момент доаѓа и од Комората за приватно обезбдување на чија официјална веб страна се објавени сите Агенции кои добиле дозвола, додека оваа фирма не е. Неофицијално зад целата банда стои Вице Заев кој треба да ја контролира агенцијата – рече Арсовски.
Тој додаде дека Агенцијата очигледно нема дозвола за работа и праша како тогаш нејзини лица се шетаат низ Струмица со униформи.