724
Комуниколот и политички аналитичар Петар Арсовски смета дека единствен начин за обезбедување фер натпревар на референдумот што треба да се оддржи за договорот за името е да се исклучи цензусот за излезност од 50 отсто, бидејќи, според него, така двете страни ќе треба да ги стимулираат гласачите да излезат на гласање.
– Задолжителниот референдум дозволува еднаквост помеѓу недостиг на цензус и мнозинство против. Ги изедначува и така оние кои се противници на договорот имаат двојно повеќе шанси да успеат на референдумот отколку оние што се поддржувачи на договорот, и покрај тоа што поддржувачите можеби се мнозинство. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ или противниците на договорот кои можеби се малцинство, со едноставен технички бојкот можат да ја изиграат волјата на мнозинството заради вака поставениот референдум – рече Арсовски во дебата на „360 Степени“.
Потпрекувајќи ја својата теза, тој праша дали претседателот на државата е нелегитимен бидејќи се избира со цензус од 40 проценти, како и дали пратениците имааат легитимитет, со оглед дека се избираат без цензус, а имаат право дури и да ја претворат Македонија и во уставна монархија?