ВМРО-ДПМНЕ: Судството го прифати обвинението за 27 април за да се покрие договорот за името

by Фокус
Зоран Заев сака со политички терор да го покрие срамниот и штетен договор за името и да ја дефокусира трговијата со државните и национални интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако судот го прифати обвинението за крвавите настани во собранието на 27 април.
„Македонија е држава каде премиерот додека прифаќа и договара промена на име и идентитет, пратеници од опозицијата се обвинуваат за тероризам, познати уметници, актер, оперски пејач се прикажуваат за терористи. Правосудството уште еднаш покажа дека е алатка на власта. Одлуката на Кривичниот совет при Кривичниот суд за прифаќање на обвинителниот акт, не е базирана на правна аргументација, туку на политичка присила“, соопштија од ДПМНЕ.
Од таму сметаат дека обвинението против десетината патриоти е еден од многуте процеси со политичка заднина и една од причините поради кои, според партијата, видни земји членки на ЕУ во нон пејперот јасно укажуваат дека во Македонија има партизирано судство.
„Партизираното судство е главната одлика на заробената држава. Картелот на власт на чело со Коте Заев го користи партизираното судство за пресметка и заплашување на неговите политички неистомисленици и против секој еден граѓанин кој сака да се спротивстави на антидржавните политики на оваа влада. Обвиненијата за тероризам на пратеници и уметници е политичка нарачка на Коте Заев за внесување страв и дефокусирање од промената на името“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости