Арсовски: Секој што си зема право да носи пиштол се повикува на блискост со власта

by Фокус

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под носот или е закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и со себе носи пиштол, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во врска со денешниот инцидент во центарот на Скопје.

-Откако дојде СДСМ на власт, изминативе години гледаме само филмски пукотници во центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно. Секој што си зема за право да носи пиштол со себе се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје – истакна Арсовски.

Според него, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи, како што вели, нејасни биле информациите за денешниот настан.

-Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата за потоа експресно МВР и директорот од СДСМ на болницата да демантираат дека немало никакво пукање пред Градската болница, а за што сепак сведочат и автомобилот и пиштолот, кои се најдени на паркингот – нагласи Арсовски.

Поврзани новости