СДСМ: Податоците од пописот ќе се споредат со базите на 10 институции

by Фокус
Единствениот кој го политизира спроведувањето на пописот е самиот Христијан Мицкоски затоа што не знае ништо друго освен да кочи и блокира се што е важно за државата, реагираат од СДСМ.
„Несериозно е да се бара методологија за пописот кога се уште не е донесен ниту Законот за попис на населението, а уште понесериозно и понеодговорно е да се тврди дека попишувањето ќе се одвива само преку матичен број на граѓаните.  Пописот ќе се спроведе согласно прописите на Евростат, а податоците ќе бидат споредени со базите на 10 различни инситуции.  Ако Мицкоски навистина не знае кои се тие институции кои имаат податоци за граѓаните, како што тврди, тогаш го упатуваме помош да побара од правната служба во сопствената партија, тие ќе му објаснат“, велат од партијата.

Поврзани новости