Владата на СДСМ ја води државата кон пропаст. Немаат визија, немаат план, а животот кој го ветуваа немаат намера никогаш да го донесат, односно донесоа живот само за нивните блиски од картелот во Владата, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно е дека нема да се реализира ништо од најавите за инфраструктурниот бум во Република Македонија. Тевдовски за 2019 година проектира расходи во министерството за транспорт и врски во висина од 33,351,983 милиони евра, скоро исто толку во 2020 година и во 2021 година буџетските расходи ги намалува на 26,017,073 милиони евра или за 20% помалку. Всушност и самиот Сугарески од СДСМ си кажа дека нема да се исполни ветувањето од пред изборите кое што им беше и во програмата за изградба на 600 километри автопат. Огромна лага е 600 километри автопат – истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава дека иста е и ситуацијата во секторот здравство.
„ Ветуваа најмодерно здравство, а не само што не инвестираат, туку и стопираат веќе отпочнати проекти. Здравствениот систем не бил полош никогаш до сега. Па така во 2019 година проекциите за буџетските расходи во здравство се 77,218,373 милиони евра, додека пак за 2020 и 2021 се намалуваат на 76 милиони евра. И тука е јасно како ден дека СДСМ нема намера да го донесе животот во здравството и да го модернизира и подобри. Нема да има ниту 100.000 денари плата за докторите нема да има ниту 60.000 плата за медицинските сестри. Уште една огромна лага на СДСМ. СДСМ да одговори на прашањето, КАДЕ ОДАТ МИЛИОНИТЕ СО КОИ ГИ ЗАДОЛЖУВААТ ГРАЃАНИТЕ? – вели Арсовски.