Арсовски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена против Договорот од Преспа

by Фокус

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и единствена во ставот дека не го поддржува капитулантскиот договор во Грција и ќе ја почитува волјата на граѓаните изразена на референдум, изјави портпаролот на опозициската партија Димче Арсовски, во однос на прашањето дали сите пратеници на опозицијата ќе гласаат против уставни измени.

-Власта со сите уцени и закани се обидува да промени нешто, но пратениката група  е компактна и дедицна во ставот против овој договор – рече Арсовски, порачувајќи дека ако СДСМ е сигурна дека има двотретинско мнозинство, веднаш да ја стави точката за отворање на уставот на гласање.

Поврзани новости