808
Откако се направени сите консултации и анализи е востановено дека преовладува јавниот интерес и овие имиња може да се објават, вели портпаролот на Владата, Душко Арсовски, во врска со случајот за ангажманот на 58 хонорарци што го објави Призма,
-Имињата на 58 хонорарци, кои Владата првично реши да ги чува во тајност, ќе бидат достапни за јавноста од понеделник – рече Арсовски на 360 Степени.
Хонорарците биле ангажирани преку Генералниот секретаријат на Владата кој има над 250 вработени, но при нивниот обид да ги добијат имињата на овие лица и основите за кои биле ангажнирани добиле одговор дека се работи за лични податоци.