Малта ќе им плаќа на туристите по 200 евра ако останат барем три дена

by Фокус

Малта планира да им понуди на странските посетители по 200 евра доколку летово останат најмалку три дена на медитеранскиот остров, пренесува Ројтерс.

Министерот за туризам Клејтон Бартоло рече дека со повеќето ограничувања за ковид, кои се очекува да бидат укинати до 1 јуни, туристите кои резервираат летни одмори директно преку локалните хотели ќе ја добијат оваа парична помош.

Инаку, Бартоло рече дека туристите кои резервираат сместување во хотел со пет ѕвезди ќе добијат 100 евра од Управата за туризам на Малта, а хотелот ќе надомести до вкупно 200 евра.

Во сличен аранжман, оние што ќе се определат за хотел со четири ѕвезди, ќе добијат вкупно 150 евра итн.

Малта има најголема стапка на вакцинирање против вирусот во Европската унија, барем една доза добиле на 42 отсто од возрасните.

Поврзани новости