Невидено е до сега и нечуено, хуманитарните акции кои ги организира било која влада во светот да бидат платени и на терет на оние кои што им се даваат. Откако се испофали целата влада на СДСМ дека со хуманитарни летови ќе ги врати граѓаните од светот кои се заглавени поради корона вирусот, почнавме да гледаме и почнавме да слушаме сведоштва од патниците, дека секој хуманитарен лет и секоја една хуманитарна карта сами си ја плаќаат граѓаните по стотици евра. Многу повисоко што чинат од реалните цени. Очигледно за овој хуман гест некој од владата треба да добие соодветна награда, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– Очигледна е нервозата на Рашковски и целата влада во врска со обелоденувањето на вистината за висината и цените на чартер летовите кои што се актуелни сега. Еве ќе земеме за пример цени за само 3 дестинации од каде се враќаат македонските граѓани во Скопје. Цената на чартер летот од Малта до Скопје чини 25.000 евра по авион. Цената на чартер летот од Минхен до Скопје чини 32.000 евра по чартер авион. А пак, цената на летот од Загреб кој што е најблиску до Скопје чини цели 42.500 евра по чартер авион.