Арсовски: Дали во Дрисла возеле камиони на бизнис-партнер на Заеви?

by Фокус

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска праша каква одговорност ќе сносат луѓето блиски до лидерот на СДСМ Зоран Заев кои биле поврзани со работење на Дрисла.

-Член на надзорен одбор и со огромна моќ на одлучување во Дрисла изминатите 2 години додека отпадот завршувал во Дрисла е членот на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев, тоа е Драги Давчевски. Каква одговорност ќе сноси Драги Давчевски и дали е повикан на распит во обвинителството бидејќи како што знаеме отворен е случај за овој скандал? Заменик директор во Дрисла до пред 6 месеци беше близок пријател и соработник на Зоран Заев од Струмица – рече Арсовски.

Воедно, тој јавно праша дали е вистина дека во Дрисла возеле камиони на сопственикот на Јавор-Шпед Горан Крстев, кој, како што рече вмровскиот портпарол, е бизнис партнер на фамилијата Заеви?

-Фирмата ЕКО КЛУБ е јасно во каква бизнис релација е со СДСМ и со Зоран Заев. Над 130 милиони денари од над 60 тендери во само една година добила оваа фирма од страна на државата и институциите. СДСМ и Заев се фатија во сопствената лага. Се виде кому не му е важно здравјето на граѓаните и кој нема никаков проблем ниту пак грам совест да ги труе скопјани – рече Аровски.

Поврзани новости