Прво нешто што направи новата влада е што му даде голем бизнис на контроверзниот црногорски бизнисмен Дака Давидовиќ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на Канал 5.
-Дака Давидовиќ, како што слушавме по бомбите, дал мито токму кај Генералниот секретар на Владата и кај Зоран Заев, тоа сите го слушавме. Колку и илјадници евра да дал мито Дака, видовме дека му се исплатиле на Зоран Заев и веднаш по изборите се изгласа одлука каде што ќе може да се инвестира од страна на истиот бизнисмен во Тетово, проект вреден 200 милиони евра. Па замислете по завршена работа колку пари ќе земат истите тие луѓе од Владата – истакна Арсовски.
Тој додаде дека партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ е блокиран од страна на СЈО, кое, истакна тој, беше фатено во рекет од неколку милиони евра.
-И целата јавност знае каде завршија тие пари. А, тие завршија кај семејството Заеви и СДСМ. А, за сето тоа треба доказ да изнесе Рускоска обвинителството, бидејќи таа го презема целиот предмет да го води, за кој што гледаме дека еве буквално не е до ниедна точка, односно не е завршен предметот како што треба. Се отвораат предмети колку да се замачкаат очите на јавноста – посочи Арсовски.