Арсовски: Адвокатско друштво на пратеничка на СДСМ добило 55 илјади евра од институции

by Фокус

Општо позната тајна е дека СДСМ брзаше да дојде на власт за да ги смести своите фирми да работат за државните институции и на тој начин да заработува пари, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што нагласи тој, класичен пример за тоа е и адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое, според него, преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од јуни 2017 до декември 2021 година инкасирало околу 55.000 евра.

Арсовски посочи дека Министерство за образование и наука, Националната агенција за европски образовни програми, Агенцијата за енергетика, Државниот студентски центар и Агенцијата за странски инвестиции се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ.

-Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска-Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева. Снежана Калеска-Ванчева е пратеничка од редовите на СДСМ, инаку претседателка на форумот на жени во СДСМ. Исто така како пратеничка голем таканаречен борец за правна држава којашто гледаме дека не функционира – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости