Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

by Fokus

Лице вработено во одделот за финансии во општина Ѓорче Петров, кое на социјалните мрежи се забележува со градоначалникот Александар Стојковски има дива депонија која ја спречивме, рече на прес конференција градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Нема да дозволиме било кој свесно и за профит да ги труе скопјани. Случајот го детектиравме, а по неколку дена следење на активностите на приватната дива депонија, а вчера се спречени активности, а прибрани се и други докази. Случајот е пријавен во МВР, а на лице место имаше и полициски службеници“, рече Арсовска.

Таа посочи дека приватната депонија се користела како бизнис, ја загадувале и реката Лепенец, а пријавен е и финансиски криминал. Депонијата, вели градоначалничката е на стотина метри од пречистителната станица која ја гради општината.

„Јасно се констатира дека покрај градежните фирми и приватни лица, најчест клиент е нотирана токму и општината. Може да се види дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила истурале канцероген и отровен отпад. Ѓорче Петров нема договор со Дрисла за отпад. Следува кривична пријава и за градоначалникот на Ѓорче Петров. Отпадот се влева и во Лепенец, ова е многу сериозна тема“, посочи Арсовска.

Градоначалничката кажа дека според документацијата, екоцидот кој бил простран на приватна и дел на државна парцела траел повеќе од две години. Евидентирани се видео и фото материјали, а инспекторите од Град Скопје увиделе дека има опасен отпад.

Поврзани новости