446
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, нарекувајќи ја неспособна.
Од партијата ја обвинија дека поради неа денеска илјада семејства останале без плата, а милион граѓани во главниот град се без јавен превоз.
Додека таа се договара со себе кој е виновен, велат оттаму, ЈСП пропаѓа.
„Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која ѝ успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани“, наведуваат од партијата.