Арсовска три години не се вози со автобус поради повреда на ногата

by fokus

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека до 2018 година го користела јавниот превоз, а потоа била спречена поради повреда на ногата.

-Пред 2018 година го користев јавниот превоз. Бидејќи имам проблем со ногата, имав скршеница на две места и од 2018 бев трајно онеспособена да ја имам функцијата на десната нога, оттогаш не можам да чекам 30 минути автобус. Планирам да го користам јавниот превоз кога ќе се чека по 3-4 минути. А, возењето со автобусот, сакавме да го направиме за новинарите, а не за реклама. Да направиме една тура за новинарите, за да можат и тие самите да видат каква е состојбата на патеката, вели Арсовска.

Поврзани новости