Арсовска постави детектив за директор на МКЦ

by Fokus

По вчерашното разрешување на директорот на Младинскиот Културен центар, Ванчо Богоев, актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска денеска назначи нов директор, кој по професија е детектив.

„Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

 

И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ.

„Фокус“ вчера објави дека е разрешен стариот директор, која повеќе од една година е на оваа функција и назначен од Арсовска, откако таа седна на градоначалничката фотеља.

Тој во изјава тврди дека последната недела трпел закани и уцени од генералниот директор на актуелната градоначалничка, Зоран Глигоров.

„Генералниот секретар на Арсовска, Зоран Глигоров цела недела ми се закануваше со разрешување, ме уценуваше и малтретираше. Што очекуваат да се направи само со 2 милиони денари буџет за целата програма на Младинскиот културен центар“, истакна Богоев за „Фокус“.

Се почнало откако сега веќе поранешниот директор не сакал да го потпише вработувањето за Бени Шаќири во МКЦ.

Ирена Мулачка

 

 

Поврзани новости