486
Во вечерашното гостување на ТВ 21, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на прашање дали се кае што стана градоначалник и што ја имаше поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за да ги добие изборите рече дека не се кае, туку е горда што успеала да разобличи некои луѓе.
-Покажав дека ако се сака, и без поддршка и без помош од никого, и дека ако се сака да се работи во интерес на граѓаните, да се слушаат граѓаните и да се решаваат нивните проблеми, може да се сработи и покрај сите опструкции од власта, рече Арсовска.