Еден ден без јавен превоз, без приватни превозници, протест во Водовод и пред МКЦ се дел од настаните кои се случија од првата година од мандатот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Арсовска вели дека се доживува како успешна градоначалничка бидејќи целта и е да стави ред во градот.
„Апсолутно, имајќи в предвид она што сакам да се во градот е да се постигне, а тоа е да се воведе ред и систем кој што досега го немало. Легитимно право е правото на протест на секој кој што смета дека има нешто да каже пред јавноста, истото да го направи. Меѓутоа исто така е и нашето право, да се обидеме да направиме нешто што ќе биде подобро за сите граѓани, а не само за засегнати неколкумина на кој што им е нарушен комодитетот“, рече Арсовска.