Арсовска: Јас сум човек од народот

by fokus

Кандидатка за скопски градоначалник Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и ААА, на вечерашната средба со граѓани во Бутел најави подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемот со водоснабдувањето и фекалната канализација и рамномерно вложување во сите општини.

– Повеќе нема да има заборавени населби. Скопје денес има населени места кои беа целосно заборавени од градските власти во овие четири години, а живеат во субстандардни услови, како што се Љуботен, Љубанци, Радишани и сите останати општини не само во општина Бутел, туку и генерално во градот. Ќе почнеме со решавање на проблемите уште од првиот ден. Јас сум човек што доаѓа од народот и ќе работам на исполнување на барањата токму на народот – рече Арсовска.

Доколку сакаме модерен и европски град, со чиста и здрава животна средина, порача таа, тогаш предуслов е гасификација за секое домаќинство.

Поврзани новости