Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска денеска се извини затоа што изминатите седум месеци немаше комуникација со медиумите, не одговараше на повиците на новинарите, ниту држеше прес-конференции или брифинзи и рече дека во иднина тоа ќе се смени.
„Во изминативе седум месеци, јас и мојот тим напорно работевме, но се соочивме со многу проблеми, тешка финансиска состојвба, долгови од минатата власт, не бил оставен ниту еден проект и затоа го немала посакуваниот почеток на мандатот. Иако во изминатите неколку месеци посветено работевме на решавање на постојните и затекнати проблеми, како и на новонастанатите проблеми од енергетската и економската криза, во јавноста се создаде впечаток дека комуникацијата со медиумите не е на потребното ниво.
Затоа, би сакала денеска да ја искористам оваа прилика и да се извинам за вака создадената слика во јавноста. Мојата заложба секогаш била да има транспарентен и ефикасен систем и доследно спроведување на проектите во соработка со вас, јавноста и новинарите“, истакна Арсовска.