Арсовска и делегации од јавните претпријатија положија свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

by Fokus

Делегации од Град Скопје и скопските јавни претпријатија предводени од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, по повод 152 годишнината од неговото раѓање.

Гоце Делчев како еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач, со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја. Секоја година на овој ден се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода, а споменот на неговите дела е континуирана инспирација која мотивира за градење на подобра иднина за сите.

Поврзани новости