Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, на денешните советнички прашања во Град Скопје и порача на градоначалничката Данела Арсовска да се моли пред слика на Христијан Мицкоски.
-Во секоја реченица, градоначалникот употребува со погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, таа би требало, да си закачи дома слика од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој таа немаше потписи да собере, а не да се кандидира за независен градоначалник. На мапа немаше да можат да ја најдат, да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг, да не беше ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица. Да не беше Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, рејтинг имаше од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор – рече Андоновски.
Во однос на тоа, Арсовска возврати дека Мицкоски поддржал кандидат кој победи, но, како што истакна, згрешил ако мислел дека таа поддршка ќе му биде условена со дозовла да краде, лаже и манипулира.