551
Голман на европскиот ракометен шампион Вардар, Арпад Штербик е прогласен за најдобар ракометар во светот за 2017 година. Изборот секоја година го прави реномираната ракометна интернет-страница „Хендбол планет“.
Штербик освои најголем број гласови од публиката и од стручното жири составено од 27 земји.
Во најдобриот ракометен тим за 2017 година покрај за Штербик кој е изгласан и за најдобар голман, имаше место и за Уве Генсхајмер (ПСЖ), Микел Хансен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Недим Ремили (ПСЖ), Бјарте Мирхол (Скјерн), Виктор Томас (Барселона) и Лука Карабатиќ (ПСЖ).