Арнаутовиќ го пцуеше Алиоски, па сега УЕФА ќе го „чешла“

by Fokus

УЕФА отвори истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради неговата реакција по постигнувањето на третиот гол на средбата со Македонија на Европското првенство.

Тој упати пцовки кон нашиот репрезентативец, Езџан Алиоски, а стигна реакција и од ФФМ со барање – Арнаутовиќ да биде казнет.

„Етичко-дисциплински инспектор ќе спроведе истрага во врска со инцидентот во кој беше вклучен Марко Арнаутовиќ на мечот од Европското првенство помеѓу Австрија и Северна Македонија на 13 јуни“, соопшти УЕФА.

Поврзани новости