Одлуката за вклучување на војската во обезбедување на здравствените институции е логистичка поддршка и превентивна мерка во ситуација кога има поголем број на пациенти во болниците, изјави портпаролот Душко Арсовски.
– Многу е јасна формулацијата. Ова е логистичка поддршка на некој начин и превентивна мерка, во ситуација кога има наплив на пациенти и кога од сите е потребно да бидат ангажирани и како приватни лица, како пациенти и оние кои се на првата борбена линија во справувањето со Ковид-19, да се задржи минимум ред и секако е во насока на одржување на колективното здравје и справување со последиците од корона кризата, рече Арсовски.
Вчера Владата го прифати предлогот на Министерството за здравство за потребата од дополнителна асистенција на припадници на Армијата во обезбедувањето на болниците, како дополнителна помош на припадниците на МВР, со заклучок за тоа да се побара согласност од претседателот на државата.