ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставниот суд: Бара да нема исклучување струја без судска пресуда

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одредби од Законот за енергетика и од Мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија за енергетика, коишто, како што изјави адвокатот Стојанче Геровски, ЕВН ги користи за исклучување на домаќинства од системот за напојување со електрична енергија поради неплатени сметки.

– Се надеваме дека Уставниот суд посебно и секако уставните судии кои што претставуваат примат на она што се вели чесност и правичност, со внимание ќе пристапат кон разгледување на оваа иницијатива. И со тоа ќе стават крај на повеќе децениското незаконито постапување од страна на ЕВН во делот на исклучувањето на струјата од домаќинствата, изјави Геровски.

Според него, со прифаќање на иницијативата за поништување на одредбите, Уставниот суд ќе застане на страна на правдата и пред се, ќе ги заштити ранливите категории на граѓани, иако иницијативата се однесува за сите граѓани во државава. Тоа, потенцираше тој, произлегува и од Законот за енергетика кој што децидно упатува на заклучокот дека оваа компанија има обврска непрекинато и во континуитет да испорачува електрична енергија.

– Децидно се предвидени и моментите и условите кога оваа компанија може да го прекине дотокот на електричната енергија. А, тоа е само во случај на поголеми хаварии, каде што се исклучени една, две улици, или една – две населби, или поголеми региони, зависно од хаваријата. Или во услови на виша сила каде што нема човечки фактор. Во ниту еден друг момент оваа институција нема право да ја исклучува струјата посебно за неплатени сметки за струја кои што треба да бидат докажани во легитимна судска постапка пред надлежен суд, изјави Геровски

Поврзани новости