Армијата ќе испитуваа дали имало пропусти во врска со трикратниот убиец во Злетово

by Фокус

Министерството за одбрана по повод вчерашниот трагичен настан кој вклучува и професионален војник во служба на АРМ, изразува длабоко жалење и искрено сочувство до семејствата на починатите.

Вчера изутрина професионален војник уби тројца во Злетово, родителите на својата сопруга и уште едно лице.

„Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата формираа Kомисија со цел да се испита дали се почитувани правилата, процедурите и елаборатите за упатување на стража, употреба на лично вооружување, располагање со муниција и да се провери дали имало пропусти во примената на овие правила. Воедно Комисијата ќе има задача да даде препораки за подобрување на постојните правилници и процедури со цел да се оневозможат вакви немили настани во иднина“, се вели денешното соопштение од Министерството за одбрана.

Оттаму уверуваат дека огромниот дел од војниците високо професионално си ги вршат своите поставени задачи и дека ќе преземат мерки за спечување на ваквите инциденти во иднина.

Поврзани новости