Армијата и Министерството за одбрана им оддадоа почит на загинатите припадници на Армијата кај Љуботенски бачила

by irena 13:11
13:11

Во спомен на загинатите припадници од резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители.

По повод 24-годишнината од загинувањето на осумтемина припадници од резервниот состав на Армијата, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев положи венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата во с.Љубанци, Волково, касарната „Илинден“ и Општината Ѓорче Петров.

Владина делегација предводена од министерот за правда Игор Филков денеска на повеќе локации положи цвеќе на спомен обележјата оддавајќи им почит на  осумте припадници на резервниот состав на Армијата на Република Северна Македонија, кои пред 24 години го изгубија животот кај месноста Љуботенски Бачила.

Почит беше оддадена  пред спомен  обележјето на бранителот Томислав Настевски во Општината Ѓорче Петров, пред споменикот на бранителите во село Волково како и спомен обележјата во касарната „Илинден” и во село Љубанци.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на Армијата, на патот кај месноста Љуботенски бачила, при активирање на мина животот го загубија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Слични вести