519
На барање на општинскиот кризен штаб на Куманово, АБХО единицата од Армијата денеска направи дезинфекција во банки, пошти и други установи каде е зголемен протокот на граѓани, соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Метежот е поради тековната исплата на пензиите и социјалната помош на граѓаните.
„Овие акции ќе се одвиваат секојдневно во следниот период додека трае постапката на исплата“ – додава Димитриевски.