Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи потврди дека принципот за коалиција „победникот меѓу албанските партии со победничката македонска партија” не е спомнат во Мајскиот договор од 2007 година, пренесе Алсат-М.
Арифи смета дека по изборните резултати, неправедно би било нејзината партија да се повикува на овој принцип, бидејќи го нема легитимитетот на албанските гласачи.
-Тој договор има пет точки, а во петтата точка се вели дека по надминувањето на кризата и по враќањето на ДУИ во Собранието ќе се разговара за формите на составување на влада. Значи не е прецизен. Тоа во овој момент е тешко да се спроведе или речиси е неспроведливо, со оглед на фактот што тоа не се подразбира на прецизен начин, таму не е прецизирано дека треба да имаме две јасни мнозинства. Тргнувајќи од фактот дека ние немаме апсолутен легитимитет за спроведување на овој принцип, тоа е многу тешко да се спроведе – изјави за Алсат-М, Теута Арифи.
За разлика од неа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во интервју за Гласот на Америка, порача дека почитувањето на овој принцип е многу важнo.