Македонија меѓу првите земји во Европа по смртност од рак на матка

by fokus

Во Македонија годишно околу 300 жени заболуваат од рак на грлото на матката. Половина од нив умираат, бидејќи болеста ја откриваат во доцна фаза.

Овие алармантни податоци, ја рангираа Македонија на шесто место во Европа по црните статистики од ракот на матката.

Најчест причинител на рак на грлото на матката се смета дека е ХПВ, односно Хјуман папилома вирусот. Вирусот најчесто се пренесува преку сексуален пат. Лекарите велат дека  покрај модерната медицина, оваа болест се уште предизвикува проблеми.

Од Здружението “Борка” како најдобра превенција ја препорачуваат вакцината против ХПВ која според податоците на Светската здравствена организација, има можност да го намали ризикот од заболување за 94 проценти.

Поврзани новости