(АРХИВА) Филибастеринг и феноменот „1.000 амандмани“

by Фокус

Текстот е објавен на 13 октомври 2021 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1358.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир деновиве во парламентот побара да не се злоупотребува „европското знаме“ при носење на законите. Неодамна, неделникот Фокус ја анализираше шемата со „европското знаме“, откако во последниве 2 години стана вообичаено владејачкото мнозинство да го злоупотребува за терање на законските процедури по скратена и брза постапка.

Меѓутоа, го анализиравме и феноменот „1.000 амандмани“, со кој парира опозицијата. Со оглед дека два вакви обиди завршија со насилство – Црниот понеделник и Крвавиот четврток, треба ли да се ограничи или прецизира амандманската активност или да се остави овој феномен на политичката култура?

Пишувала: Јадранка КОСТОВА

Ако владеjачкото мнозинство за „на ура“ да протурка законски проект го (зло)употребува европското знаменце или форсира скратени и брзи постапки за да ја минимизира улогата на опозицијата, и во рацете на опозиционерите се неколку алатки за контраудар. Долги дискусии дури и за теми што немаат никаква врска со законот, реплики на реплики на истомисленици од партијата, а во последниве години поднесување илјадници амандмани од исклучок станува правило.

За ваквите креации за развлекување на собраниските расправи или блокирање закони се користи изразот филибастеринг (filibustering), без обид да се скрои наш домашен израз за таквите дешаванки. Ваквите опструкции имаат корен уште од античко време, се практикуваат во многу парламенти, но се чини дека кај нас бајаги зачестија. Особено последниве две години илјадници амандмани станаа феномен. Дваесетина закони се под таков напад.

Фактот дека два вакви обидa за филибастеринг завршија со насилство – Црниот понеделник и Крвавиот четврток, но и тенденцијата сега да користи без граници, беше повод да побараме одговор од неколку професори и пратеници за излезот од ваквата статус кво ситуација за законодавната активност. Треба ли да се ограничи или прецизира амандманската активност или да се остави овој феномен на политичката култура!?

КОЈ ПРВ ПОЧНА?

Интересно е што и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се опробале во ваквите блокаторски шеми, но со различен епилог. И, кој прв почна? Актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери пред извесно време се прогласи за автор на филибастерингот во Македонија. Со читање поезија и со молчење до бескрај, ем со околу 15.000 амандмани, ДУИ во 2012 го блокираше Законот за бранителите затоа што во него не биле опфатени припадниците на ОНА. Но, тоа повеќе го толкувам како добар дил меѓу коалиционерите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Кон крајот на истата, 2012 година, социјалдемократите го „копираа“ ДУИ кога поднесоа „само“ 1.225 амандмани, со што го блокираа донесувањето на Буџетот за 2013. Едноставно, надлежната комисија за финансирање и буџет немаше ни теоретски шанси да си ја заврши работата до крајот на годината. Но, власта нај%LS

Поврзани новости