Архитектонскиот факултет прогласи автономна зона

by Фокус

Со свирежи и сирени, студентите на Архитектонскиот факултет денеска прогласија Автономна зона. Тие одеа од предавална во предавална и ја бојкотираа наставата, а поддршка им дадоа и нивните професори. Студентите се солидаризираа со своите колеги од другите факултети, барајќи од Владата и Министерството за образование да се направи сосема нов закон во високото образование.

Студентите на Архитектонскиот факултет ги поканија своите колеги од другите факултети да влезат и заедно да прогласат автономија.

– Сакаме слободен факултет без апсурдни закони и без политика. Не им веруваме на добрите намери на Владата, која донесе закон иако имаше илјадници кои протестираат надвор на улиците. Сега, откако почнавме да прогласуваме автономија на факултетите се сетија дека треба да не послушаат и почнаа да го менуваат законот – велат дел од студентите.

 

Поврзани новости