1.5K
Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбен Зибери бил хоспитализиран на Инфективна клиника, потврдуваат од ДУИ за Фокус. Според нашите информации Зибери бил во стабилна состојба.
На денот кога се гласаше новата Влада, Зибери беше пратеникот кој гласаше во посебна просторија бидејќи имал симптоми на Ковид – 19. Официјално тој тврдеше дека нема позитивен тест на Ковид, бидејќи пред десетина дена немал направено, но потврди дека имал симптоми.
Пред изборите Зибери беше директор на Центарот за јавно здравје Скопје, но беше сменет по „судирот“ со министерот за здравство, Венко Филипче.