725
Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу не е член на партија и не бил на состанок на СДСМ, туку заминал во самоизолација поради приватна средба со потретседателот на партијата Мухамед Зекири, кој е позитивен, соопштија од АР, откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски обвини дека Муслиу и директорот на финансиската полиција Арафат Муареми се под контрола на СДСМ.
„Имајќи во предвид дека раководи со институција во која работат многу вработени, а со цел одбегнување и најмала можност за инфекција, како одговорна личност одлучи да оди во самоизолација. Ние во АР за цело време додека трае ситуацијата со пандемијата успеавме да се заштитиме а притоа да ги извршуваме редовните обврски“, стои во соопштението од АР.