540
Полицајци од Центар и Бит Пазар уапсиле триесет и едногодишен скопјанец баран со потерница за доиздржување казна затвор.
Како што соопштија од МВР, вчера во 14 часот на улицата „Палмиро Тољати“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги во Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.М од Скопје. Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворска казна од седум месеци, а бил осуден на казна од четири години и шест месеци за сторени кривични дела по член 236 и 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната