До Министерството за внатрешни работи упативме прашања во врска со нападите врз новинарите Саше Ивановски, Марјан Стаменковски и Сашо Денесовски, извршени во 2015 година, како и врз неодамнашниот напад инцидент во кој мета беше новинарот Љупчо Златев?
Од одговорите што ги добивме произлегува дека за нападите врз Ивановски и Денесовски нема никаква разрешница, додека за нападот врз Стаменковски е поднесена кривична пријава против едно лице од Скопје за извршено кривично дело „насилство“.
Што се однесува до Златев, постои институционален епилог, меѓутоа сторителот не се гони кривично, туку против него е поднесен записник за констатиран прекршок „нарушување на јавен ред и мир со малтретирање на друг на јавно место“.
Исто така, до МВР прашавме дали има разрешница за нападот врз поранешниот функционер во младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Илија Тозија, кој своевремено беше управител во компанија во сопственост на синот на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков-Јордан Мијалков?
Од таму велат дека и неговиот случај се уште не е решен, исто како и нападите врз Ивановски и Денесовски.